ЛОКАЦИЈА КОЈА ПЛЕНИ
Со задоволство Ви го претставуваме објектот “ЛИПА“. Сместен во центарот на Скопје, “ЛИПА“ Ви нуди елегантен и модерен начин на живот. Дизајнот на Липа е минималистички и безвременски, материјалите за изработка од врвен квалитет, а особено внимание посветивме на деталите во целокупната изведба.
Објектот е сместен на тивка улица, во непосредна близина на средно училиште, градинки, основни училишта, трговски центри, рекреативни терени.
ТОПОЛ ДОМ, ЗА СЕКОГО
Нашите станови ја прикажуваат елеганцијата на модерниот живот. Изборот на материјали и деталите на дизајнот се внимателно изработени за да ги задоволат Вашите желби.
Со креирање на објект со секој кат – посебен стан, Ви нудиме мирно и интимно искуство. Секој стан нуди отворен план на дневна соба, трпезарија и кујна, спални соби, современи бањи и приватна тераса.
ЧПП
Објектот “ЛИПА“ е на ул. Јосиф Јосифовски – Свештарот, општина Центар, Скопје, веднаш до гимназијата “Раде Јовчевски – Корчагин“
Објектот располага со стан од 41 м2 со дворно место од 100 м2, како и станови од 91 м2, по принципот кат-стан.
Да, објектот раполага со 6 (шест) паркинг места под нивото на објектот.
Објектот “ЛИПА“ се гради со најсовремени градежни материјали, со висок степен на енергетска и топлинска ефикасност.
Не, не сте обврзани со станот да купите паркинг место.
Нудиме целосна гаранцијата за градежниот дел, која е со времетраење од 24 месеци. За вградените материјали во становите, важи гаранцијата на производителот.
Објектот “ЛИПА“ ќе биде завршен и вселив во јануари 2024 година.
