skip to Main Content

Објектот L77 е лоциран на една од најубавите локации во Скопје – срцето на Дебар Маало – во непосредна близина на образовни установи, културни објекти, кафулиња, трговски центри и зелени површини. Совршено позициониран, L77 нуди идеален баланс помеѓу урбаната динамика и комфорот на секојдневниот живот, поврзувајќи ги жителите директно со пулсот на градот.

Фасадата на зградата е инспирирана од минимализмот и медитеранскиот стил, со силен акцент на геометрија и симетрија. Чистите линии, големите отвори и ексклузивните материјали кои се користат ја прават зградата впечатлива и безвременска.

ДОМ КОЈ ВИ ГО ИСПОЛНУВА СЕКОЈ ДЕН

L77 е симбол на современата урбана елеганција, создаден за оние кои бараат квалитет и удобност. Секој стан е внимателно дизајниран да ги одрази Вашите потреби за простор и дневна светлина, со отворени и функционални површини.

Пространите дневни соби со поврзани кујна и трпезарија создаваат идеална атмосфера за пријатни моменти со семејството и пријателите. Модерните бањи и удобните спални соби се вистинско прибежиште за релаксација.

ЧПП

Објектот L77 е наоѓа на ул. Ленинова бр. 77, Општина Центар, Скопје.

Во објектот L77 се нудат висококвалитетни станови со површини од 52 м², 75 м2, 110 м² и 130 м².

Објектот L77 нуди паркинг места во подземна гаража и надземни паркинг места, со припрема за електричен полнач до секое паркинг место.

Објектот L77 се гради со најсовремени градежни материјали, со висок степен на енергетска и топлинска ефикасност.

Не, не сте обврзани со станот да купите паркинг место.

Нудиме целосна гаранцијата за градежниот дел, која е со времетраење од 24 месеци. За вградените материјали во становите, важи гаранцијата на производителот.

Објектот L77 ќе биде завршен и вселив до септември 2026 година.

Контакт

Локација

Back To Top